Нема договор на конференцијата на ОН за климата во Мадрид, се продолжува за уште еден ден

Климатската конференција на ОН во Мадрид требаше да заврши вчера, но се очекува да потрае барем уште денес бидејќи делегациите сѐ уште не го усогласиле завршниот документ.

Лидерите кои се собраа во шпанската престолнина од 196 земји и од Европската Унија, треба да се договорат за конечен документ, за тоа како да се финансираат посиромашните земји да ја ублажат штетата предизвикана од климатските промени и правилата на пазарот на јаглен.

Островските држави кои поради кревањето на нивото на морето би можеле да бидат збришани од лицето на Земјата ги обвинија богатите земји дека немаат чувство за размерот на климатската криза.

На пленарната седница во петокот стана јасно до која мера лидерите се неспособни да постигнат договор, имајќи предвид дека барањата им се значително различни.

Набљудувачите не очекуваа никаков напредок до саботата наутро, додека работата на конференцијата продолжува додека не се оформи завршниот документ.

Двонеделните преговори се под лупата на јавноста за да се забележи каков било знак дека владите се спремни да го засилат Парискиот договор од 2015 година со тоа што ќе се обврзат на поамбициозно намалување на испуштањето гасови со ефект на стаклена градина во следните години.

Со оглед на големите политички и економски интереси на повеќе од 190-те држави потписнички на договорот, преговорите и ценкањето во последните моменти се вообичаена појава на годишните состаноци чија цел е да се зајакне Парискиот договор.

Целта на Парискиот договор е избегнување на катастрофалните сценарија на кои предупредуваат научниците со тоа што ќе се ограничи растот на глобалната температура предизвикан од согорувањето на фосилните горива.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе