Бејрут

„Нема да застанеме додека не ги најдеме одговорните за ова што се случи“ (ВИДЕО)

Во близина на пристаништето во Бејрут најнаселениот дел од градот избувна силна експлозија.

Фото: ЕПА

Според најновите податоци, повеќе од 100 луѓе загинаа, а повеќе од 4.000 се повредени.

Првиот човек на либанската безбедносна служба, генерал Абас Ибрахим на местото на експлозијата ја демантираше верзијата за детонација на пиротехника и изјави дека се работи за други експлозивни средства што биле складирани долго време.

„Она што се случи не е експлозија на пиротехника, туку на некои други експлозивни средства што биле складирани подолг временски период“, рече Ибрахим.

Складираните 2.750 тони амониум нитрат експлодирале во пристаништето во Бејрут во вторникот, предизвикувајќи невидена смрт и штета во либанската престолнина, објави премиерот Хасан Диаб.

„Неприфатливо е товарот на амониум нитрат, проценет на 2.750 тони, шест години да се чува во складиште, без никаков надзор“, изјави тој на вчерашниот итен состанок на Врховниот совет за одбрана.

„Тоа е неприфатливо и за тоа прашање не можеме да молчиме“, додаде тој, како што пренесе неговиот портпарол пред новинарите.

Амониум нитрат е вештачко ѓубриво и исто така компонента на експлозив.

„Нема да запреме се додека не ги најдеме одговорните за тоа што се случи“, вети премиерот.

Врховниот совет за одбрана „ѝ препорача“ на владата да прогласи двонеделна „вонредна состојба“ во Бејрут. Во тој период, „врховниот воен орган ќе ги има сите овластувања во однос на прашањата за безбедност“, се наведува во соопштението од седницата на Врховниот совет за одбрана.

Либанската телевизија „ЛБЦ Интернешнл“ подоцна објави дека во пристаништето експлодирале 2.700 тони калиум нитрат, пренесе Спутник.

„За време на заварување на отворот преку кој криминалците би можеле да извршат кражба, дошло до детонација на товарот складиран во пристаништето со 2.700 тони калиум нитрат“, ги објави телевизијата првичните сознанија на полицијата.

Арапските медиуми објавија дека сопругата и ќерката на либанскиот премиер Хасан Диаб исто така биле повредени во страшната експлозија.

Според министерот за здравство Хасан Хамид, болниците се полни со повредени лица, така што хотелите во центарот на Бејрут ќе примат пациенти на кои не им е потребна операција.

Делот од градот каде се случила експлозијата е уништен, а голем број на згради се сериозно оштетени.

Експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени, според германскиот геонаучен центар ГФЗ, а се слушнала и се почувствувала до Кипар, повеќе од 200 километри ширум Медитеранот, пренесува АП.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе