„Нема да има никаква војна“ меѓу Иран и САД, вели Хамнеи

И покрај порастот на тензиите меѓу Иран и САД, двете земји нема да се вклучат во воен конфликт, но исто така нема да има нов нуклеарен договор, рече иранскиот Врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

„Нема да има никаква војна. Иранската нација го избра патот на отпорот“, рече Хамнеи, цитиран од иранската државна телевизија.

„Ние не бараме војна, а ни тие“, додаде тој, инсистирајќи на тоа дека Американците се свесни дека воена конфронтација со Иран „не е во нивен интерес“.

Врховниот лидер, исто така, рече дека Техеран нема да се вклучи во какви било разговори за потпишување нов нуклеарен договор со Вашингтон. „Преговорите се отров“, рече Хамнеи.

Пред една година американскиот претседател Доналд Трамп унилатерално ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, оставајќи ги другите потписнички Русија, Кина и Европа во шок.

Американскиот претседател го нарече „најлош договор досега“ и инсистираше на тоа дека мора да се потпише нов договор, кој исто така ќе ја вклучи програмата за балистички проектили на Техеран.

Оттогаш, Трамп ги користи сите средства за да го принуди Иран да седне зад преговарачка маса зголемувајќи го притисокот со санкции врз земјата, при што извозот на нафта е главна цел.

САД неодамна распоредија група носачи на авиони во близина на иранските брегови и испратија Б-52 бомбардери за патрола во Персискиот Залив. Сепак, американскиот државен секретар Мајк Помпео уверуваше дека тоа не значи подготовка за војна со Техеран.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе