Две лица веќе загинаа

Некој во Тексас им остава пакети-бомби на црнците пред врата (ВИДЕО)

Малолетно момче беше убиено вчера, а најмалку две жени се тешко повредени по две експлозии на пакети бомби во Остин, Тексас, и тоа само десет дена по друга иста таква експлозија во истиот американски град.

Полицијата во Остин соопшти дека добила повик по експлозијата во кварт на североистокот на тој град во 6.45. Пакетот на скалите на својата куќа го нашол 17-годишник, го внел внатре и го отворил во кујната, каде што пакетот експлодирал.

Момчето загинало на лице место, а жена во четириесеттите години завршила во болница, но шефот на полицијата Брајан Менли на конференција за медиумите кажа дека нејзините повреди не се опасни по живот.

Менли додаде дека штетата во домот е „значителна“ и дека полицијата не верува дека пакетот пристигнал преку Американската поштенска служба. Пакетот-бомба бил оставен на влезот на куќата, исто како и во првиот таков случај на 2 март.

Агентите на ФБИ и Бирото за тутун, огнено оружје и експлозиви наскоро пристигнале на местото на експлозијата. Но, само неколку минути откако шефот на полицијата ја заврпи прес конференцијата, се случи уште една експлозија, во 11:49 по локално време.

Во оваа експлозија настрада жена во седумдесеттите години која заврши со повреди опасни по живот. Друга жена, во осумдесеттите години, исто така заврши во болница поради „неповрзана медицинска состојба“.

Во првата експлозија, на 2 март, загина 39-годишниот Ентони Стефан Хаус, откако „уредот“ експлодирал на прагот на неговата куќа во лвартот Харис Риџ, околу 20 километри од местото на вчерашната експлозија. И овој трагичен случај се случил во раните утрински часови. Полицијата смртта на Хаус првично ја истражувала како убиство, па потоа инцидентот почнала да го води како сомнителна смрт поради сомнежот дека жртвата самата ја направила и случајно ја активирала бомбата. Но, по вчерашните експлозии и тој случај повторно се води како убиство.

Иако мотивот е сѐ уште непознат, Менли истакна дека „не е исклучено“ да станува збор за злосторство од омраза, бидејќи сите експлозии се случиле во домови на Афроамериканци. „Нема да го толерираме ова“, порача тој. Полицијата ги предупреди сите граѓани на Остин сомнителните пакети, во случај да ги најдат пред врата, да не ги отвораат туку веднаш да се јават на 911.

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе