Некој со спреј на поларна мечка во Русија напишал Т-34, загрозувајќи ѝ ја способноста да лови (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави снимка на поларна мечка на која некој со црн спреј напишал „Т-34“. Експертите предупредија дека тоа би можело да влијае на способноста на ова животно да се стопи со околината при ловот на храна.

Во тек е истраха за да се утврди каде точно во арктичка Русија е снимено видеото, пишува Би-би-си.

Тенкот Т-34 одигра клучна улога во победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Снимката на Фејсбук ја објави Сергеј Кавриј, член на непрофитната организација Светски фонд за природата (ВВФ), а потоа ја споделија медиумите.

Кавриј коментирал дека видеото било споделувано на Ватсап група за домородното население на Чуктскиот автономен округ, кој се наоѓа на крајниот североисток на Руската Федерација, а дека научниците кои во тој регион ги надгледуваат дивите животни никогаш на тој начин не би обележале мечка.

„Не ги знам деталите, односно во кој регион или округ е снимено ова видео. Ако тоа го направила војската, тогаш тука станува збор за некој вид перверзно непочитување на историјата“, напиша Кавриј.

Научникот на Институтот за биолошки проблеми на северот Анатолиј Кочнев кажа дека мечката веројатно била успана пред да биде ишарана бидејќи „буквите се еднолични и со иста големина“.

Тој додаде дека можат да минат недели пред да се измијат буквите, што би можело да му создаде проблеми на животното кое зависи од белината на крзното кога лови плен на арктичкиот снег.

Руските медиуми шпекулираат дека ова можеби го извело локалното население кое е вознемирено поради порастот на бројот на поларните мечки кои влегуваат во населените места во арктичка Русија.

Во февруари на архипелагот Новаја Земја беше прогласена вонредна состојба бидејќи во градовите и населбите се појавија десетици поларни мечки.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе