Во Флорида

Некој напишал „Трамп“ на грбот на загрозена морска крава, покрената истрага (ФОТО+ВИДЕО)

Американската служба за риби и животински свет отвори истрага за малтретирање морска крава пронајдена во река на Флорида со натпис „Трамп“ на грбот, потврди агенцијата во понеделникот.

Фото: Твитер

Северноамериканската морска крава е загрозен вид во САД, а примерокот со натписот беше пронајден во неделата на изворот на реката Хомосаса на западниот брег на Флорида, околу 160 км западно од Орландо.

Надлежните за АП рекоа дека водниот цицач не е сериозно повреден и дека презимето на претседателот било изгребано на алгите што пораснале на неговата кожа. Сепак, видеото од животното предизвика гнев кај јавноста.

Портпарол на Службата за риби и диви животни изјави дека се чини дека животното не е сериозно повредено, но Центарот за биодиверзитет со седиште во Тускон во Аризона понуди награда од 5.000 долари за информации што ќе доведат до осудувачка пресуда во случајот.

Морските крави во Соединетите Држави се заштитени со Законот за загрозени видови и Законот за заштита на морските цицачи, а нивното малтретирање се казнува со парична казна до 50.000 американски долари или затвор до една година.

На овој вид му се заканува истребување поради судири со чамци, губење на живеалиштата, цветање на алги и болести. Денес на Флорида останаа само 6.300, во споредба со 11.267 пред 30 години.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе