Приштина го обвинува Белград за лажни информации

Недостиг од храна на северот на Косово или вештачка криза?

Владата во Приштина вчера, реагирајќи на изјавите на највисоките функционери во Белград и извештаите во медиумите, соопшти дека на северот на Косово нема хуманитарна криза предизвикана од недостигот на продукти кои се произведуваат во Србија и дека сите гранични премини се отворени за проток на стока. Меѓутоа, косовските функционери повторија дека царините од 100 отсто на стоката од Србија и БиХ остануваат на сила сѐ додека причините поради кои се воведени не се отстранат.

Косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шаља кажа дека косовската влада располага со информации дека српските државни органи се заинтересирани на северот на Косово да „симулираат хуманитарна криза, да нема продукти за да дојде до реакција на можната хуманитарна катастрофа“. Шаља тврди дека косовските трговци ги замениле српските производи, кои ги има сѐ помалку по воведувањето на царините, со производи од Македонија, Албанија и ЕУ, дека цените на Косово не пораснале а дека мерката го унапредила домашното производство.

На новинарското прашање за информациите дека на северот на Косово има недостиг од стока за широка потрошувачка, претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави вчера дека државата Србија ќе направи сѐ што може да обезбеди снабдување на граѓаните на северот на Косово.

„Ќе го направиме она што го можеме, а што е тоа нема да зборувам. Нема да дозволиме нашиот народ да умира гладен, иако тоа многумина го посакуваат“, кажа Вучиќ.

Косовските власти тврдат дека претприемачите на северот во соработка со српските власти подготвуваат таканаречена хуманитарна криза, со тоа што одредени производи се држат во разни објекти и куќи, додека продавниците се празни.

Агенцијата Косовапрес објави дека на северот на Косово од денес ќе бидат затворени голем број продавници „само за тоа да се одрази врз ситуацијата пред денешниот празник Видовден, кога голем број граѓани од Србија доаѓаат на северот и на Газиместан“.

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај на Твитер објави дека косовските институции за спроведување на законите презеле конкретни чекори за спречување и борба против нелегалните прекугранични активности во таканаречената зелена зона вдолж административната граница на Косово и Србија на северот.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе