Пред евроизборите и локалните избори во Грција

Неа демократиа убедливо води пред Сириза, велат анкетите

Според резултатите од последните анкети објавени во Грција, пред изборите за Европарламентот и локалните избори, конзервативната опозиција ужива силно водство.

Според анкетата спроведена за потребите на телевизијата Антена, опозициската партија Неа демократиа в недела би добила 29,4 отсто од гласовите за Европскиот парламент, додека владејачката партија СИРИЗА би освоила 22,4 отсто.

На трето место, според истото истражување, би било левичарското Движење за промени (КИНАЛ) со 6,6 отсто поддршка меѓу испитаниците, а веднаш зад него се грчката неонацистичка партија Златна зора со 5,4 отсто поддршка и Комунистичката партија (ККЕ) со 4,8 проценти.

Бројот на неопределените гласачи изнесува 12,2 отсто.

Резултатите од истражувањето спроведено од СТАР ТВ покажуваат дека опозициската Неа демократиа би добила 29 отсто од гласовите в недела, додека партијата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, Сириза, би добила 22,5 отсто поддршка од избирачите.

На третото место пак е Движењето за промени (КИНАЛ) со поддршка од 6,8 отсто од испитаниците, пред четвртото место што го заземаат Златна зора и Комунистичката партија на Грција со поддршка од шест проценти.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе