Попладнево

„Не за војната, тука ве лажат!“ - девојка упадна во живо на руската државна телевизија со плакат (ВИДЕО)

Девојка со антивоен плакат упадна во живо на вечерните вести на државната руска телевизија Канал 1, објавија Новаја газета и други руски независни медиуми. Девојката веднаш ја собрале полицајци, а според новите руски закони, за ова ѝ следуваат најмалку 15 години затвор.

Фото: ЕПА

„Во етерот на програмата Времја, зад грбот на водителката Екатерина Андреева, се појави девојка со плакат чија содржина ни е забрането да ја пренесеме според Роскомнадзор и Кривичниот законик“, напиша Новаја газета.

На плакатот всушност пишуваше: „Не за војната. Запрете ја војната. Не ѝ верувајте на пропагандата. Тука ве лажат.“

Станува збор за уредничката Марина Овсјаникова, која во моментов е приведена од полицијата и се наоѓа во полициската станица во московската област Останкино, каде што ѝ дошол и адвокат, вели Новаја газета.

Пред да упадне во живо во вестите, Овсјаникова снимила порака.

„Ова што сега се случува во Украина е криминал, а Русија е земја агресор и одговорноста за оваа агресија лежи на совеста само на една личност, а таа личност е Владимир Путин“, објаснува Овсјаникова во видеото снимено пред упадот. „Татко ми е Украинец, мајка ми е Русинка и тие никогаш не биле непријатели. А овој ѓердан околу мојот врат е симбол на фактот дека Русија мора веднаш да ја прекине братоубиствената војна и нашите братски народи сѐ уште ќе можат да се помират. За жал, последниве години работам на Канал 1, ја ширев пропагандата на Кремљ и сега се срамам од тоа. Се срамам што ми дозволија да зборувам лаги од ТВ-екраните, се срамам што ми дозволија да го зомбифицирам рускиот народ.“

„Уште десет генерации наши потомци нема да се измијат од срамот на оваа братоубиствена војна. Ние сме руски народ, размислуваме и сме паметни, само ние имаме моќ да го запреме сето ова лудило. Излезете на протести, не се плашете од ништо, не можат сите да нѐ затворат.“

„Канал еден го проверува инцидентот со аутсајдерката во кадарот за време на пренос во живо“, објави на Телеграм руската агенција ТАСС.

Пристапот до снимањето на преносот на Канал 1 е блокиран, вели рускиот истражувачки сајт Инсајдер. Кога се обидувате да ја гледате програмата, се појавува натписот: „По барање на носителот на авторските права, забрането е да се гледа онлајн по емитувањето“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе