САД: Не може да биде „бизнис како и обично“ со Путин за Г20

САД велат дека светот не може да се справи со рускиот претседател Владимир Путин како порано, откако Индонезија го покани него - како и лидерот на Украина Володимир Зеленски - на самитот на Г-20 во ноември, пренесе Би-би-си.

Фото: ЕПА

Претседателот Џо Бајден „јавно го изрази своето противење" на присуството на Путин, додека САД ги „поздравуваат Украинците кои ќе присуствуваат“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Таа посочи дека поканата до Русија да присуствува на самитот на островот Бали дошла пред инвазијата на Путин врз Украина.

Одделно, портпаролката на американскиот Стејт департмент Џалина Портер рече дека не може да биде „бизнис како и обично" со Русија на меѓународната сцена.

Таа не кажа дали САД ќе присуствуваат на самитот.

За разлика од Украина, Русија е членка на Г20, група која ја сочинуваат најголемите светски економии.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе