Политико

„Не ја затворајте вратата за Западниот Балкан, тоа би била стратегиска грешка“

Извештаите од Брисел сугерираат дека лидерите на Европската Унија повеќе не го подржуваат патот кон членство на земјите од Западниот Балкан. Колебајќи се ЕУ ги повикува на своите граници оние кои не ги делат нејзините норми и вредности и нејзиниот културен и географски простор. Ова би бил пресврт во ветувањето кое беше одамна дадено и на кое земјите од Западниот Балкан сметаа. Тоа би била и стратегиска грешка, наведуваат во авторскиот текст за Политико група автори, меѓу кои е и Кетрин Ештон, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешни работи:

EPA-EFE

„Крвавите балкански војни во деведесеттите, почнати со распадот на Југославија, беа силен потсетник на опасноста од национализмот. Маките на десетиците илјади бегалци и глетките како оние од разурнатото Сараево – помогнаа во јакнењето на политичката волја на Европа, расчистувајќи им ги на тие земји патиштата кон членство во ЕУ.

Со завршувањето на Студената војна се отворија вратите за заедничка интеграција на нациите од централна и источна Европа во заедничкиот европски економски и политички проект. Така во 2004 година десет земји пристапија во ЕУ. Тука беа Вишеградската четворка – Полска, Унгарија, Чешка и Словачка, трите балтички земји Естонија, Летонија и Литванија, како и Словенија. Три години подоцна им се придружија Бугарија и Романија, а во 2013 година Хрватска.

На останатите на Западниот Балкан – Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Македонија – им беше понудена чиста европска перспектива во исто време кога и на Хрватска, уште во 2003 година. Тоа е тоа што сега е загрозено, и покрај членството на Црна Гора, Албанија и Македонија во НАТО во последните неколку години.

Како што настапи заморот од проширувањето, ставовите на ЕУ со време се менуваа. Трошоците од финансиската криза во 2009 и спасувањето на Грција ги истрошија нервите. Земјите од Западниот Балкан исто така беа особено спори и неуедначени во реформите, а долготрајната загриженост околу корупцијата и антидемократските трендови направија многумина повнимателни при увозот на нови потенцијални проблеми.

Ставот против мигрантите и конзерватизмот исто така зајакнаа низ Европа. А брегзитот ги поткопа претпоставките за заедничката судбина на Европа. Ова не се прашања кои треба да се занемарат.

Не може да се негира дека предизвикот на интеграциите со годините растеше, а дека одговорот бара обновување на трпението, самодовербата, фантазијата и енергијата. Но, влогот е преголем.

Алтернативата е назадување кон поделена Европа, опкружена од сили кои ги немаат во себе нејзините интереси и вредности. Оставањето на Западниот Балкан во постојаната зона на самракот на маргините на Европа би бил стратегиски пораз и тоа неизбежен. ЕУ не би требало да се откажува од овој регион. Наместо тоа, би требало да ја потврди понудата која им беше дадена на граѓаните на Западниот Балкан. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден би требало да биде силен партнер во постигнувањето на таа цел.

Сега е времето да се покаже обновена доверба во силна Европа и да се промовираат демократските вредности кои и понатаму инспирираат многумина во регионот и низ светот“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе