На денот кога Турција упадна во Сирија

„Не биди будала, не биди насилник!“: писмо на Трамп до Ердоган

Американскиот претседател вети дека ќе ја уништи турската економија доколку инвазијата во Сирија не се реши хумано, но заткулисниот јазик и дипломатските грешки предизвикуваат забуна.

Доналд Трамп го предупредил својот колега Реџеп Таип Ердоган со зборовите „не биди будала“ и напишал дека историјата ризикува да го нарече „ѓавол“ во едно необично писмо, испратено на денот кога Турција го почна упадот во североисточна Сирија.

Писмото, кое го добил новинар на „Фокс бизнис“, е лишено од дипломатски стил и почнува со директна закана.

„Ајде да постигнеме добар договор!“, напишал Трамп во писмото од 9 октомври, чија автентичност Белата куќа ја потврди за разни медиуми.

Неколку дена откако ѝ даде зелено светло на инвазијата со повлекување на американските трупи од регионот во кој доминира курдското население, Трамп му порача на турскиот претседател дека ќе ја уништи економијата на Анкара ако инвазијата отиде предалеку.

„Не сакаш да бидеш одговорен за колење илјадници луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништување на турската економија - а ќе ја уништам“, напиша тој.

„Историјата ќе те гледа милозливо ако ова го направиш правилно и хумано“, продолжи Трамп. „Засекогаш ќе те гледа како ѓавол ако не се случуваат добри работи“.

„Не биди насилник. Не биди будала!“, завршува тој, додавајќи: „Ќе ти се јавам подоцна“.

Бизарното писмо беше пречекано со шок, многумина отпрво се сомневаа во неговата автентичност, а некои го нарекоа „шега“ и „срам“.

„Јас мислев дека е мајтап, шега, дека нема шанси да дошло од Овалната канцеларија“, рече демократскиот конгресмен Мајк Кигли за Си-ен-ен. „На целиот свет му звучи како претседателот на Соединетите Држави, во еден импулсивен момент, едноставно гневно го диктирал првото што му паѓало на памет“.

Кигли, член на Комисијата за разузнавање на Домот, продолжи: „Тој да го напише ова и да каже дека никако не влијае на нас е незнаењето на највисоко ниво“.

Писмото беше објавено во време кога Домот гласаше да се осуди Трамповото повлекување на трупите од Сирија.

„Денес во Домот, со 354-60 изгласавме да ги осудиме постапките на Трамп во однос на Сирија“, рече демократскиот конгресмен Мајк Левин на Твитер. „Ова писмо е срам за канцеларијата“.

Писмото излезе и на денот на жестокиот состанок во Белата куќа на чиј крај Трамп наводно ја нарекол спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, „третокласен политичар“, на што Пелоси одговори: „Цело време се молам за претседателот… Мислам дека сега мора да се молиме за неговото здравје - ова беше многу сериозен крах на претседателот “.

Трамп, наводно, на состанокот делел копии од писмото.

Во средата Трамп ја фалеше сопствената одлука да ги повлече американските трупи од Сирија како „стратегиски брилијантна“ и рече дека Курдите се „многу побезбедни сега“, спротивно на официјалната процена и на државните и одбранбените оддели дека турската офанзива е катастрофа за регионалната стабилност и борбата против ИСИС.

Поранешни функционери рекоа дека најзначајна поента во врска со писмото е спремноста на Трамп да му даде на Ердоган наводно доверливо писмо од лидерот на Сириските демократски сили (СДФ), Мазлум Кобани, кои Турција ги напаѓа.

„Генералот Мазлум е спремен да преговара со тебе и спремен е да направи отстапки што никогаш не би ги направил во минатото. Во доверба ти приложувам копија од неговото писмо до мене, штотуку примено“, напиша Трамп.

Објавено

Четврток, Октомври 17, 2019 - 10:14

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе