Соколов беше назначен на позицијата по неодамнешните експлозии во руските воени бази на Крим.
Во руската воена база кај Џанкој на Крим и денеска, ден по нападот, горат пожари, а во магацинот за муниција се слушаат експлозии.
Повеќе од 3.000 луѓе беа евакуирани.
Скај њуз објави дека нападот го извршиле украинските специјални сили што дејствуваат во внатрешноста на полуостровот.
Лидерот на Крим Сергеј Аксјонов денеска изјави дека пожарот се гаси со хеликоптер и дека сѐ уште се случуваат детонации на муниција. Тој додаде дека потрагата по сторителите е во тек.