Навални: Здравјето нагло ми се влоши во затвор

Алексеј Навални се пожали на „нагло влошување" на здравствената состојба во затворот и вчера му беше забрането да се види со адвокатите, рече помошник на рускиот опозициски лидер.

Фото: ЕПА

Навални пријавил „силна болка во грбот“ и вкочанетост на едната нога поради што не можел да стои, изјави вчера Леонид Волков.

Адвокатите на Навални изјавија дека во средата им било забрането да се сретнат со него и претпоставуваат дека тој сега е во амбулантата на затворот ИК-2.

„Не сме сигурни каде е сега Алексеј Навални, ниту ни е јасно зошто го кријат од нас“, рекоа адвокатите, додавајќи дека се сомневаат дека управата на затворот се обидува да ја прикрие неговата хоспитализација, пишува Гардијан.

Тие соопштија дека опозицискиот лидер примил само две таблети ибупрофен поради болка.

Навални заврши во затвор откако московскиот суд на 2 февруари му ја смени условната казна со затворска поради кршење на условната слобода. Тој беше уапсен откако се врати во Москва од Германија каде се опоравуваше од труење со нервен агенс. Навални ги обвинува руските безбедносни служби дека му подметнале новичок во неговата долна облека, со што воглавно се согласуваат САД и Европската унија и санкционираа руски официјални лица за вмешаност во случајот.

Руската затворска служба по изјавите на адвокатите на Навални коментираше дека здравствената состојба на рускиот опозициски лидер е „задоволителна“, пренесува АФП.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе