Навални во затвор изгубил 15 килограми, му се закануваат со присилно хранење

Управата на затворот во кој е сместен Алексеј Навални се закани дека присилно ќе го храни, бидејќи рускиот опозиционер штрајкува со глад и изгубил 15 килограми од доаѓањето во затвор минатиот месец, порачаа поддржувачите на затворениот опозиционер.

EPA-EFE

Навални е тежок 77 килограми, што е осум килограми помалку од почетокот на штрајкот со глад и 15 килограми помалку од моментот на пристигнувањето во казнената колонија, објавено е на официјалниот профил на Твитер на Алексеј Навални.

„Увидувајќи ја сериозноста на штрајкот со глад, управата се закани дека ќе почне со присилно хранење секој ден. Истовремено, Алексеј е преместен од медицинскиот оддел“, се додава во постот.

Поддржувачите на Навални тврдат дека управата на затворот не дозволува затвореникот да биде прегледан од надворешен доктор.

Рускиот опозиционер и жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин на крајот на март почна штрајк со глад барајќи во затворот да добие соодветна здравствена нега поради акутната болка во грбот и рацете.

Кремљ одби да ја коментира здравствената состојба на Навални, објаснувајќи дека тоа е проблем на државната затворска служба. Таа служба претходно соопшти дека Навални ја прима потребната терапија.

Навални беше затворен во февруари и осуден на две и пол години затвор поради кршењето на условната казна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе