Ако не добие лекарска помош

Навални веројатно ќе умре во наредните неколку дена, велат руски лекари

Тестовите на крвта покажуваат дека Алексеј Навални најверојатно ќе умре во следните неколку дена освен ако не добие лекарска помош, рекоа лекарите во саботата. Група лекари побараа од затворските власти да им дозволат да го лекуваат рускиот опозициски активист, пренесува Би-би-си.

Фото: ЕПА

„Неговата состојба е навистина критична“, рече претставник на синдикатот Алијанса на лекари, група што руската влада ја смета за опозициска организација.

Анастасија Василјева, личен лекар на Навални, во писмото вели дека крвните тестови покажале дека неговиот калиум достигнал точка каде што „во секоја минута може да дојде до „откажување на бубрезите и срцев удар. Таа рече дека членовите на синдикатот не го прегледале Навални, но ги добиле тестовите од неговите адвокати, пренесе Ројтерс. Еден од лекарите објави фотографија од резултатите на интернет.

Это абсолютное показание к госпитализации. Если не начать лечить, то он умрет в течение ближайших дней.

Posted by Alexander Polupan on Saturday, 17 April 2021

Навални штрајкува со глад во затворот во Покров повеќе од две недели, барајќи да му биде овозможена медицинска помош за болки во грбот и нозете. Затворските власти велат дека му понудиле на Навални соодветен третман, но тој го одбил, сакајќи да го лекува надворешен лекар. Тоа барање било одбиено. Тој во петокот рече дека му се заканувале дека ќе го стават во лудачка кошула и ќе го хранат со сила.

Џ.К Роулинг и Салман Ружди се меѓу 70-тината угледни писатели, актери, историчари, режисери и новинари што во петокот испратија отворено писмо до рускиот претседател Владимир Путин, со барање Навални да добие итна соодветна нега.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе