Навални, Тунберг и СЗО меѓу номинираните за Нобелова награда за мир

Рускиот дисидент Алексеј Навални, Светската здравствена организација (СЗО) и младата активистка за климатски промени Грета Тунберг се дел од кандидатите номинирани од норвешките законодавци за овогодинешната Нобелова награда за мир.

Фото: ЕПА

Предлози за истакнати поединци и организации можат да достават илјадници луѓе ширум светот, од пратеници до поранешни добитници, а номинациите, кои завршија во недела на 31 јануари, не значат дека ќе бидат поддржани од Нобеловиот комитет.

Норвешките пратеници го номинираат конечниот победник секоја година од 2014 година, освен 2019 година, посочува Хенрик Урдал, директор на Институтот за истражувања на мирот во Осло, кој смета дека тоа е навистина одлично.

Норвешкиот комитет за доделување на Нобеловата награда, кој одлучува за добитникот, не ги коментира номинациите, чувајќи ги во тајност во текот на 50 години имињата на номинаторите и имињата на неуспешните кандидати.

Сепак, номинаторите имаат право да ги соопштат своите номинации пред јавноста.

Според Ројтерс, норвешките законодавци ги предложиле Грета Тунберг и Навални и СЗО и нејзината програма Ковакс, основана за да им овозможи пристап до вакцини против ковид-19 и на сиромашните земји и на оние со ниски примања.

Тунберг е именувана како „една од најистакнатите фигури во борбата против глобалното затоплување“ заедно со групата за кампањата наречена „Петок за иднината“, чијшто ко-основач е Тунберг.

Навални е именуван за „напорите да се спрове мирна демократизација во Русија“ и е номиниран од поранешниот норвешки министер за надворешни работи Ула Елвестун.

Борбата против ковид-19 има истакнато место и го вклучува сојузот ГАВИ за дистрибуција на вакцини.

Меѓу другите кандидати се истакнуваат Светлана Тихановскаја, Марија Колешникова и Вероника Чепкало, три Белорускињи истакнати во борбата за „слободни избори со давање мирен отпор“, рече норвешкиот номинатор Геир Сигбјорн Тускедал.

Јет Кристенсен ги предложи Унгарскиот хелсиншки комитет, група за човекови права и здружението ИУСТИТИА, кое обединува полски судии истакнати во одбраната на граѓанските права.

„Мојата номинација оваа година... е борба за зачувување на демократијата како облик на владеење во Европа“, објасни Кристенсен.

Медиумските слободи се важна тема оваа година, така што се именувани и Комитетот за заштита на новинари (ЦПЈ) со седиште во Соединетите Држави, Зинеб ел Разуи, поранешна новинарка на француското сатирично списание Чарли Хебдо, информативниот портал Хонг Конг Фри Прес, Меѓународната мрежа за точност на информацијата и организацијата Репортери без граници (РСФ) со седиште во Париз.

Меѓу другите кандидати се и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, Северноатлантската алијанса (НАТО) и Високиот комесаријат за бегалци на ООН (УНХЦР).

На списокот се наоѓа и Аминату Хаидар, предложена за мировната кампања за прогласување независност на Западна Сахара, потоа Меѓународната вселенска станица и Меѓународното извидничко движење.

Добитниците на Нобеловата награда за 2021 година ќе бидат објавени во октомври.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе