Навални се упати кон Русија, полицијата ги апси неговите поддржувачи на аеродромот (ВИДЕО)

Критичарот на Кремљ, рускиот опозиционер Алексеј Навални денес отпатува за Москва, првпат откако му се слоши минатото лето и беше префрлен во Германија, без оглед на тоа што му се заканува апсење.

EPA-EFE

Пред влегувањето во авионот Навални кажа дека се чувствува „многу среќно“.

Навални е еден од најистакнатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, а пред враќањето од Берлин, каде беше на лекување во изминатите месеци, порача дека не го интересираат најавите на руските власти дека кривично ќе го гонат.

Руската полиција веќе уапсила неколку поддржувачи на Навални на московскиот аеродром Внуково, додека чекале тој да слета.

На снимките објавени на социјалните мрежи може да се види како полицајците ја одведуваат од терминалот на Внуково соработничката на Навални Љубов Собол.

Навални има две условни казни од по пет години за два одвоени случаи. Првиот случај е поврзан со проневерување на над 16 милиони рубљи, а вториот за проневерување над 30 милиони рубљи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе