Навални се подбиваше со Путин: „Тој се поти и има страшна главоболка ако не лаже“

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор, во четвртокот го исмејуваше рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Причина за тоа е обвинението дека тој свесно го прекршил законот кога минатата година бил евакуиран од Русија, додека бил во кома, пренесува Гласот на Америка.

Навални беше префрлен во Германија во август откако беше отруен со нервен агенс.

„Тој мораше да се пријави кај властите како некој што двапати бил осудуван на условна казна. Целосно свесен што прави, и тоа сакам да го истакнам, и игнорирајќи ги законските услови, тој господин отиде во странство на лекување“, изјави Путин пред новинарите по самитот со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Тој исто така истакна дека Навални „го добил заслуженото кога бил осуден на затвор“ и дека „намерно се вратил во Русија за да биде уапсен“.

Опозицискиот лидер во објава на Инстаграм, која ја постави преку адвокатот, рече дека самиот Путин, по барање на германската влада, ја одобрил неговата евакуација.

Потоа се потсмеваше на идејата дека „свесно“ заминал во странство, а објави и фотографија на која на носила го префрлаат во авион.

„Путин се поти и има страшна главоболка ако не лаже, на пример, дека платите во Русија растат, дека нема да има задолжителна вакцинација во Русија и дека Навални свесно отишол во странство“, се вели во соопштението.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе