Навални се јави на Инстаграм: Цел ден можев да дишам без респиратор

Рускиот опозиционер Алексеј Навални денеска објави порака и своја слика на Инстаграм, и рече дека можел да дише без респиратор цел ден, во првото огласување преку таа мрежа по труењето на крајот на август.

Фото: Инстаграм

„Сè уште не можам да правам скоро ништо, но вчера (понеделник) можев да дишам цел ден“, напиша Навални на својот инстаграм-профил, објавувајќи со пораката слика на која седи на болнички кревет во друштво на неговата сопруга.

Навални, кој ја обелодени корупцијата во врвот на Русија, беше примен на одделот за интензивна нега во болницата во Омск на 20 август, откако ненадејно му се слошило.

Два дена подоцна тој беше префрлен во Германија, каде што лекарите заклучиле дека бил отруен со нервниот агенс новичок, кој датира уште од времето на Советскиот Сојуз.

Руските власти постојано негираат вмешаност во случајот.

Германската болница Шарите, каде што се лекува, вчера објави дека неговата здравствена состојба се подобрува, дека може повремено да станува од кревет и дека може целосно да биде исклучен од апаратот за вештачко дишење.

Легенда под Главна слика

Фото: Инстаграм

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе