Рускиот опозициски лидер за расколот на црквата

Навални: Путин и неговите идиоти уништија сѐ што е создавано со векови

Украинската црква со векови била дел од Руската православна црква, а Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални смета дека претседателот на Русија Владимир Путин е виновен за новонастанатата ситуација.

„Сѐ што е создавано со векови Путин и неговите идиоти го уништија за четири години. Путин е непријател на рускиот народ“, напиша Навални на Твитер.

Православните великодостојници на Украина објавија дека во Киев одобрија формирање на единствена црква во таа земја независна од Московската патријаршија при што е избран нејзин водач.

Лидерот на новата автокефална Украинска православна црква ќе биде митрополит Епифанија, 39-годишен бискуп на Киевската патријаршија.

 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе