Навални приведен по слетувањето во Москва (ВИДЕО)

Рускиот опозициски политичар, најгласниот критичар на Кремљ Алексеј Навални слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше задржан во притвор.

EPA-EFE

На Навални претходно му беше порачано дека ако не се врати до 30 декември во Русија, дека ќе биде уапсен поради непочитување на одредбите од условната казна.

Според Франс прес, пилотот на авионот со кој Навални летал од Берлин, најпрво најавил доцнење од 30 минути поради „технички проблеми“, а потоа им јавил на патниците дека авионот е пренасочен на московскиот аеродром Шереметјево.

Рускиот опозициски политичар во Германија се лекуваше од наводното труење со нервен агенс во Русија, а Кремљ отфрла секаква поврзаност со труењето.

Пред влегувањето во авионот во Берлин, Навални кажа дека се чувствува „многу среќно“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе