Навални префрлен на болничко лекување; приврзаниците се подготвуваат за протест

Адвокатот на Алексеј Навални потврди дека рускиот опозиционер е пренесен во затворскиот болнички оддел поради респираторна болест и дека е тестиран за коронавирус.

Фото: ЕПА

Адвокатката на Навални, Олга Михаилова изјави дека член на неговиот правен тим го видел денес рускиот опозиционер и дека тој бил „во прилично лоша состојба“.

Навални минатата недела најави штрајк со глад затоа што, како што вели, му била забранета посетата на личниот лекар што го барал поради сè поголема вкочанетост и болка во грбот и нозете, што му отежнувало да оди, пренесува Гардијан .

Како што се наведува, нема официјални потврди за лекувањето на Навални.

Во писмото што им го испрати на адвокатите во понеделникот, Навални изјави дека има температура 38,1 и дека тројца од неговите 15 цимери во затворот, наводно, заболеле од туберкулоза.

Тој во моментов отслужува две и пол години затвор под обвинение за проневера, за која рече дека е одмазда за неговото политичко спротивставување на рускиот претседател Владимир Путин.

Руската полиција го чува влезот на затворскиот оддел каде што се наоѓа Алексеј Навални, пред најавените протести за негова поддршка, кои се планирани за денес.

Руската полиција денес ги засили безбедносните мерки во градот Покров, каде лидерот на опозицијата Алексеј Навални издржува затворска казна, затоа што неговите приврзаници се подготвуваат да одржат протест пред затворот во Владимирскиот регион и да побараат од властите да му обезбедат соодветна медицинска нега.

Раководството на затворот во Покров објави дека здравствената состојба на Навални е задоволителна и дека му е обезбедена сета неопходна медицинска нега.

Откако Навални објави дека тројца затвореници од неговата ќелија се хоспитализирани поради туберкулоза и дека тој ќе го продолжи штрајкот со глад и покрај високата температура и кашлицата, неговите соработници во понеделникот попладне ја информираа јавноста дека ќе одржат протести.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе