Навални пред суд: „Јас сум застрашувачки скелет“ (ВИДЕО)

Алексеј Навални, рускиот опозициски лидер и активист, кој во повеќе наврати ја обелодени корупцијата на властите на чело со Владимир Путин, се појави пред судот за прв пат од неговиот штрајк со глад.

. EPA-EFE/BABUSHKINSKY DISTRICT COURT PRESS

44-годишниот Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години поради кршење на условната казна според претходна пресуда за која тој, но и Европскиот суд за човекови права, велат дека била политички мотивирана. Судот пресуди дека тој ја прекршил условната казна бидејќи не се јавувал редовно на суд додека бил во германска болница на лекување од труење со новичок, од што за малку ќе умрел.

На своето прво појавување по штрајкот со глад, избричениот Навални изгледа исцрпено и испиено - како „застрашувачки скелет“, како што самиот вели.

На 31 март, за време на престојот во затвор, Навални започна штрајк со глад барајќи соодветна медицинска нега за болките во нозете и грбот. На 23 април тој објави дека го прекинува штрајкот кој траеше цели 24 дена.

„Сакам да ви кажам, драг мој судија, дека вашиот крал е гол“, рече Навални пред судот преку видео врска.

„Потрошивме милијарди рубљи, а нашата земја и понатаму тоне во сиромаштија. Не изненадува што економистите пишуваат писма и велат дека последните неколку години може да се наречат изгубена деценија. Дваесет години неспособно владеење доведоа до следниов резултат: круна која паѓа од главата (на Путин) и лаги на телевизија“, продолжи затворениот руски опозиционер.

„Јулијаша, ако ме слушнеш, стани на секунда, да те погледнам. О, имаш маска. Вчера ме однесоа во бања (руска сауна) за денес да изгледам подобро. Се погледнав себеси - застрашувачки скелет сум. Во ужасна состојба сум, како да сум седмо одделение. Ако се соблечам, изгледам уште полошо. Вчера изедов четири лажици каша, денес ќе јадам исто толку, утре ќе изеде шест лажици каша. Го чекам денот кога ќе изедам 10 лажици каша, тоа ќе биде огромно подобрување“, рече Навални за неговата состојба по штрајкот со глад што траеше 24 дена.

Навални објави дека ќе продолжи да бара да го посетуваат лекари кои не доаѓаат од рускиот затворски систем за да му помогнат со губењето на осетот во рацете и нозете.

Рускиот режим, покрај со самиот Навални, се пресмета и со неговата Антикорупциска фондација на која ѝ забрани да работи.

Забраната останува на сила се додека не се донесе одлука по барањето на московското обвинителство да се класифицира организацијата како екстремистичка и трајно да ѝ се забрани работата, изјави директорот на фондацијата на Навални, Иван Жданов. Тоа е често користена судска постапка со која Москва ја забранува работата на опозицијата и неистомислениците.

Легенда под Главна слика

. EPA-EFE/BABUSHKINSKY DISTRICT COURT PRESS

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе