Навални повторно обвинет за екстремизам

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и неколку негови блиски соработници повторно се обвинети за екстремизам и може да добијат долгогодишни затворски казни, изјавија руски обвинители, по неколкумесечна репресија на неговото движење.

Фото: ЕПА

Според Истражниот комитет, кој ги спроведува главните кривични истраги во Русија, Навални и неговите соработници се обвинети за „основање и водење екстремистичка организација“, која од 2014 до 2021 година повикувала на „промена на власта со насилство“.

Организациите на Навални поради екстремизам беа забранети во јуни, пред изборите на 19 септември.

Партијата Единствена Русија на Путин победи на изборите, а радикалната опозиција не смееше да учествува.

Целта на новата кривична истрага се двајцата најблиски соработници на Навални, Иван Жданов и Леонид Волков, кои со месеци живеат во егзил, како и многу други противници на Путин.

Предмет на истрагата е и Љубов Собол, друг соработник на Навални.

Руските власти ги обвинуваат дека сакале „да ги дискредитираат државните органи и нивната политика, да ја дестабилизираат ситуацијата во регионите, да ја разбудат желбата за протести кај народот и да ја убедат јавноста во потребата да се промени власта со насилство“.

Нелегалните протести што ги организираа служеа како „повици за екстремистички и терористички дејствија“.

Доколку бидат осудени, Навални, Жданов и Волков се соочуваат со затворска казна од 6 до 10 години, а други како Собол од две до шест години.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе