Ги опиша луѓето на снимката како „предавници“ и „луѓе без свест“

Навални плати парична казна за клевета на ветеранот од Втората светска војна

Затворениот руски опозиционер Алексеј Навални плати казна од 850.000 рубљи (11.500 долари) во случајот за клевета на ветеранот од Втората светска војна, соопшти прес-службата на московскиот суд кој го води случајот.

EPA-EFE

Навални е обвинет за клевета на ветеранот, кој учествувал во промотивно видео за поддршка на минатогодишните уставни промени кои отворија пат за претседателот на Русија Владимир Путин да се кандидира за уште два мандати по 2024 година.

Судењето беше фокусирано на пост на социјалните мрежи од јуни 2020 во кој Навални, еден од најгласните критичари на Путин, ги опиша луѓето на снимката како „предавници“, „луѓе без совест“ и „корумпирани слуги“.

Рускиот истражен комитет тврдеше дека коментарите содржеле „намерно лажни информации кои ги омаловажуваат честа и достоинството“ на ветеранот од Втората светска војна Игњат Артјоменко.

Борецот за борба против корупцијата го опиша случајот како политички мотивиран и измислена кампања на службата за односи со јавноста на Кремљ чија цел била да го вознемирува и дискредитира.

Навални имал остра размена на зборови со судијката Вера Акимова за време на сослушувањето во февруари на кое, меѓу другите обвинувања, ѝ кажал дека „слабо го познава кривичниот закон“.

Акимова подоцна го прогласи Навални за виновен за клевета и му наложи да ја плати казната. Прес-службата на Бабушкинскиот окружен суд во Москва соопшти на 2 декември дека Навални целосно ја платил казната.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе