Навални осуден на девет години затвор

Најпознатиот руски опозиционер Алексеј Навални е осуден на девет години затвор откако беше прогласен за виновен за проневерување пари и непочитување на судот.

EPA-EFE

Рускиот суд претходно го прогласи Навални за виновен за проневерување 4,7 милиони долари донации дадени на неговата, сега забранета, фондација за борба против корупцијата.

Во изрекувањето на пресудата, судијката Маргарита Котова кажа дека Навални извршил „кражба на имот од страна на организирана група“.

Навални е прогласен за виновен и за непочитување на судот.

Поддржувачите и колегите на рускиот опозиционер тврдат дека целиот случај е монтиран.

Навални веќе се наоѓа во казнена колонија источно од Москва каде служи затворска казна од 2 и пол години на која претходно беше осуден.

Тој беше уапсен по враќањето од Берлин каде беше на повеќемесечно лекување по наводното труење за кое го обвинува Кремљ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе