Навални оди во затвор, доби 2 години и 8 месеци

Алексеј Навални, главниот опозициски политичар во Русија и противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше осуден во московскиот суд на повеќе од две и пол години затвор, пренесоа руските медиуми.

EPA-EFE/MOSCOW CITY COURT

Тој е осуден за прекршување на условната казна во случајот на наводна проневера во 2014 година, и тоа на првичната казна од три и пол години, но бидејќи веќе помина помалку од една година во затвор, сега ќе биде затворен речиси 2 години и осум месеци.

Судот во Москва пресуди дека Навални не се јавувал редовно, како што било пропишано со условите за условна слобода, а неговите причини за тоа што не се јавувал биле прогласени за недоволни.

Навални ги отфрли обвинувањата дека ја прекршил условната казна.

Полицијата веќе е излезена на улиците во Москва каде се очекуваат нови протести.

На Навални, познат критичар на претседателот Владимир Путин, му беше одреден притвор во траење од 30 дена откако беше уапсен на 18 јануари на аеродромот. Навални тогаш се врати во Русија по лекувањето во Германија, првпат откако во август минатата година беше отруен со нервниот агенс новичок.

Западните држави повикаа на негово ослободување, како и десетици илјади демонстранти ширум Русија во саботата. Навални во четвртокот се појави пред судот преку видео врска, барајќи да биде ослободен и отфрлајќи ги „апсурдните“ обвинувања кои руските власти наводно му ги припишале од политички причини.

„Никогаш нема да им дозволиме на овие луѓе да ни ја одземат и украдат нашата држава. Да, бруталната сила е сега на ваша страна. Може да ми ставите лисици, но тоа нема да трае вечно“, рече Навални.

Поради апсењето на Навални во Русија избија големи протести. На последниот протест во неделата, руската полиција ги блокирала центрите на повеќе градови, а ЕУ и САД изразија жалење и ја осудија употребата на сила и бруталното постапување кон демонстрантите.

Според организацијата ОВД-Инфо, специјализирана за следење протести, најмалку 4.407 лица биле приведени во 85 градови, главно во Москва (1.357) и Санкт Петербург (950).

Уапсена била и сопругата на Алексеј Навални, Јулија Навални. Полицијата ја уапсила кога се придружила на собирот во Москва, но во меѓувреме била ослободена.

Синдикатот на руските новинари соопшти дека се уапсени најмалку 60 новинари.

Русија е жестоко критикувана од страна на Европската унија и САД поради масовните апсења на протестите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MOSCOW CITY COURT

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе