Навални од притвор ги повика Русите да излезат на улица и да протестираат против власта (ВИДЕО)

Рускиот суд во понеделникот му одреди мерка притвор на опозицискиот лидер Алексеј Навални со траење до 15 февруари, кој пак ги повика Русите да „излезат на улица" и да протестираат против власта.

Фото: ЕПА

„На Алексеј Навални му е одреден притвор во траење од 30 дена, до 15 февруари“, објави на Твитер неговиот адвокат Вадим Кобзев.

Веднаш по таа одлука e објавено видео во кое лидерот на опозицијата од судницата ги повикува Русите борбата на опозицијата да ја преместат на улица.

„Овие бандити (на власт), тоа добро го знаете, најмногу се плашат од излегувањето на луѓето на улица. Затоа, не плашете се, излезете на улица, не за мене, туку за вашата иднина“, рече тој во видеото снимено во судницата и објавено на социјалните мрежи.

Неговиот најблизок соработник Леонид Волков веднаш на Твитер објави дека екипите на Навални „почнуваат да се подготвуваат за големи протести низ целата земја на 23 јануари“.

Харизматичниот борец против корупција и најголем критичар на Кремљ, 44-годишниот Навални го обвинува претседателот Владимир Путин дека во август наредил негово убиство со отровот новичок, што Русија го негира.

Навални преживеа труење и помина пет месеци на лекување во Германија.

Во неделата, лидерот на опозицијата се врати во Москва, каде веднаш беше уапсен врз основа на одлука на московската затворска служба, која тврди дека ги прекршил мерките за судски надзор со тоа што заминал на лекување во странство.

Навални се пошегува на сметка на својот притвор велејќи: „Се обидовме да те убиеме, ти преживеа и нè навреди, затоа ќе одиш во затвор“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе