Навални објави фотографија како се симнува по скали (ФОТО)

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални објави своја фотографија на Инстаграм како се симнува по скали, пет дена откако од берлинската болница, каде беше хоспитализиран поради труење, објави дека не е веќе на респиратор и дека дише самостојно.

Фото: Инстаграм

Тој водечки политички противник на рускиот претседател Владимир Путин се сруши во август на лет кон Москва и по неколку дена поминати во руска болница, која ги негира обвинувањата дека е отруен, беше пренесен во Берлин. Германските власти објавија дека лабораториските тестови од три земји потврдија дека тој бил отруен од нервен агенс новичок, поради што западните влади побараа објаснување од Русија.

Навални, својата фотографијата како се симнува по скали ја проследи со текст во кој вели дека се опоравува, но патот е сè уште долг.

Тој додава дека сè уште е слаб и не може да користи телефон или да тури вода во чаша или да се качува по скали затоа што нозете му се тресат.

„Има уште многу тегоби што треба да се надминат, но прекрасните лекари во болницата Шарите ја решија главната“, напиша тој во својата објава.

„Тие ме вратија од состојба на ‘технички живо суштество’ до личност која има големи шанси да стане... човек што може брзо да скрола на Инстаграм и да сфати без размислување кои објави ќе ги лајкне“.

 
 
 
View this post on Instagram

Давайте расскажу, как идёт мое восстановление. Это уже ясная дорога, хоть и неблизкая. Все текущие проблемы вроде того, что телефон в моих руках бесполезен, как камень, а налить себе водички превращается в целый аттракцион, - сущая ерунда. Объясню. Совсем недавно я не узнавал людей и не понимал, как разговаривать. Каждое утро ко мне приходил доктор и говорил: Алексей, я принёс доску, давайте придумаем, какое на ней написать слово. Это приводило меня в отчаяние, потому что хоть я уже и понимал в целом, что хочет доктор, но не понимал, где брать слова. В каком месте головы они возникают? Где найти слово и как сделать так, чтобы оно что-то означало? Все это было решительно непонятно. Впрочем, как выразить своё отчаяние, я тоже не знал и поэтому просто молчал. И это я еще описываю поздний этап, который сам помню. Сейчас я парень, у которого дрожат ноги, когда он идёт по лестнице, но зато он думает: «о, это ж лестница! По ней поднимаются. Пожалуй, надо поискать лифт». А раньше бы просто тупо стоял и смотрел. Так что много проблем ещё предстоит решить, но потрясающие врачи университетской Берлинской клиники «Шарите» решили главную. Они превратили меня из «технически живого человека» в того, кто имеет все шансы снова стать Высшей Формой Существа Современного Общества, - человеком, который умеет быстро листать инстаграм и без размышлений понимает, где ставить лайки.

A post shared by Алексей Навальный (@navalny) onSep 19, 2020 at 2:09am PDT

Легенда под Главна слика

Фото: Инстаграм

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе