Навални на суд: Путин е лудак

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални на денешното судско рочиште го нарече рускиот претседател Владимир Путин „лудак" кој започна „глупава војна" во Украина.

Фото: ЕПА

Осудувајќи ја Путиновата Русија како држава управувана од крадци и криминалци, Навални рече дека сегашните лидери на Русија на крајот ќе бидат уништени од силите на историјата и ќе горат во пеколот затоа што создале крвопролевање во Украина.

„Оваа глупава војна ја започна вашиот Путин“, рече Навални пред судот во Москва, каде што зборуваше преку видео врска од казнената колонија, пренесе Ројтерс.

„Оваа војна е започната со лаги. Еден лудак ги има зариено канџите во Украина. Не знам што сака со неа овој луд крадец“, рече Навални за Путин.

Навални претходно беше осуден на девет години во строга казнена колонија за измама и непочитување на судот. Неговата жалба денеска беше одбиена.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе