Сè поголеми протести во Москва

Навални на Инстаграм: Уапсен сум пред мојот дом

Противникот на Кремљ, Алексеј Навални изјави денес дека е уапсен во Москва, при сè поголеми протести поради исклучување на опозициските кандидати од претстојните локални избори.

Навални во видео порака на Инстаграм изјави дека бил уапсен пред неговиот дом додека одел на утринско трчање и додаде дека е одведен во полициска станица.

„Луѓето се во право кога велат дека спортот не е секогаш добар за здравјето“, рече иронично Навални.

Неговата портпаролка Кира Јармиш го потврди апсењето на Навални преку порака на Твитер.

Противникот на Кремљ синоќа повика на нови протести во сабота поради отфрлањето на кандидатурата на опозицијата за изборите во градското собрание на Москва. Оваа мерка предизвика бран протести, а неодамна во центарот на главниот град се собраа околу 20.000 луѓе.

Регистрацијата на бројни опозициски кандидати минатата недела официјално била отфрлена поради неправилности во собирањето потписи за поддршка.

Тие кандидати, меѓу кои има и поддржувачи и сојузници на Навални, сметаат дека овие неправилности се измислени.

Според законот, независните кандидати треба да соберат потписи од околу три отсто од можните гласачи за овие избори, што е помеѓу 4.500 и 5.000 потписи.

Опозицијата, која е лишена од учество на поважните избори, како што се претседателските избори, се мобилизираше за овие локални избори, надевајќи се дека ќе може да влијае на одлуките за управување со огромниот буџет предвиден за главниот град на Русија.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе