Навални: Мојата моќна злосторничка организација расте

Рускиот опозиционер Алексеј Навални кажа денес дека е предмет на три нови истраги, додека во последните недели расте притисокот врз неговото движење и неговите поддржувачи.

EPA-EFE

Навални на социјалната мрежа Инстаграм кажа дека е обвинет за проневерување на „сите донации“ на неговата антикорупциска организација, за формирање група „која ги поткопува правата на луѓето“ и за навредување на судијата на неодамнешното судење.

Тој тврди дека во ќелијата го посетил инспектор на моќниот Истражен одбор, задолжен за кривични истраги.

„Ми кажа дека во нашата драга Русија се води истрага за три нови случаи. И со нив се бават 21 инспектор на највисоко ниво. И за секој од нив, јас сум злосторникот. Мојата моќна злосторничка организација расте. Правам сè повеќе и повеќе злосторства“, наведе Навални, додавајќи дека е „гениј на подземјето“.

Навални, кој беше затворен во јануари по враќањето во Русија, беше осуден на две и пол години затвор поради случај на измама за кој тврди дека е наместен од страна на Кремљ.

Тој во април штрајкуваше со глад поради условите во затворот. Од апсењето, по што избија демонстрации во Русија, руските власти го засилија притисокот врз опозициското движење на Навални, особено со приближувањето на парламентарните избори во септември.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе