Еден од докторите рече дека тој реагира на вербални стимули. Навални беше пренесен во Германија откако му се слоши на лет во Сибир во јули.
Неговиот тим вели дека тој бил отруен по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, кој негира дека е вмешан.
Германските лекари рекоа дека тој бил отруен со нервен агенс новичок.
Денеска болницата Шарите во Берлин соопшти дека го одвикнуваат Навални од механичката вентилација.
Прерано е да се процени долгорочното влијание на труењето, додаваат од болницата.
Канцеларката Ангела Маркел минатата недела рече дека Навални е жртва на обид за убиство и дека светот ќе бара одговори од Русија.
Но портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека тврдењето дека Навални бил отруен со новичок не е поткрепено со докази.
Нервниот агенс новичок беше употребен за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка во Велика Британија во 2018 година.