Навални го заврши штрајкот со глад, вели дека бил близу смрт

Водечкиот критичар на Путин, Алексеј Навални, кој издржува казна во руски затвор, го прекина штрајкот со глад, кој траеше цели 24 дена, пренесе Асошиејтед прес.

Информацијата за прекин на штрајкот со глад е објавена на официјалниот профил на Навални на Инстаграм, во кој се наведува и неговата изјава.

„Лекарите, на кои целосно им верувам, вчера изјавија дека постигнавме доволно за да го прекинам штрајкот со глад. Ќе бидам целосно искрен, нивните зборови дека тестовите покажуваат дека ‘за кратко време веќе нема да има кого да лекуваат’ ми се чинат достојни за внимание“, пишува во објавата на Алексеј Навални на Инстаграм.

Навални во изјавата вели дека ќе продолжи да бара да го посетуваат лекари кои не доаѓаат од рускиот затворски систем за да му помогнат околу загубата на осетот во рацете и нозете.

Навални штрајкуваше со глад од 31 март во знак на протест против лошите услови и третманот во затворот. Тој се пожали дека има дискус хернија и загуба на осетот во екстремитетите и ги обвини затворските власти дека му забрануваат пристап до лекар и лекови.

На социјалните мрежи изајви дека пие само вода. Според него, му се заканувале со присилно хранење, опција што руските власти ја имаат доколку затвореникот престане да јаде.

САД се закани дека Русија ќе се соочи со последици ако тој умре.

Руската државна комесарка за човекови права Татјана Москалкова рече дека четворица лекари надвор од сојузната агенција за затвори го посетила Навални во вторникот и дека не откриле сериозни здравствени проблеми. Русија посочува дека кон него се постапува како и кон секој друг затвореник.

Експертите за човекови права на ООН побараа од Москва да дозволи да го прегледаат лекари во странство, верувајќи дека неговиот живот е во опасност и дека се држи во „услови што можат да одговараат на тортура“.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе