Рускиот опозиционер штрајкува со глад од 31 март

Навални го тужи затворот затоа што не добил Куран

Рускиот опозиционер Алексеј Навални изјави денеска дека го тужи затворот затоа што не добил Куран, кој го побарал на почетокот на Рамазанскиот пост.

Фото: ЕПА

„Кој би помислил дека првата тужба против колонијата ќе биде заради Куранот?“, наведе на Инстаграм Навални, кој штрајкува со глад од 31 март поради лошите затворски услови.

Според него, книгите што ги донел кога дошол во затворската колонија на почетокот на март сè уште не му биле предадени затоа што требало да бидат „проверени поради екстремизам“, а тоа е постапка што трае три месеци.

„Ќе проверите дали Куранот е екстремистички? Тоа е глупаво и незаконско“, рече тој, додавајќи дека „затоа испратил барање до директорот и поднел тужба“.

Критикуван поради расистички ставови во текот на 2000-тите и за учество на демонстрации на екстремната десница, Навални наведе дека решил „детално да го проучи и разбере Куранот“ во затвор.

„Сите околу мене постојано расправаат за исламот и муслиманите, и секако 99 проценти од нив не знаат ништо за тоа. Но, решив да станам шампион за Куранот меѓу руските немуслимански политичари“, напиша Навални.

Жестокиот критичар на Кремљ, Навални (44) минатото лето преживеа труење, поради што беше на лекување во Германија.

Тој го обвинува рускиот претседател Владимир Путин и неговата разузнавачка служба (ФСБ) за обид за убиство, што руските власти го негираат, но исто така одбиваат да спроведат истрага за обидот за атентат.

По пристигнувањето во Русија, Навални бил уапсен и осуден на затворска казна затоа што со заминувањето во Берлин ја прекршил претходната условна казна.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе