Навални формираше синдикат во затворот, тој е единствениот член

Затворениот руски опозициски политичар и отворен критичар на Кремљ, Алексеј Навални, основаше синдикат во затворот во кој моментално се наоѓа.

Фото: ЕПА

Навални на Твитер напиша дека синдикатот се вика Промзона (Индустриска зона), што е официјалното име за делови од казнените колонии во многу поранешни советски држави каде што се наоѓаат фабриките и погоните.

Како што објасни тој, синдикатот, чиј единствен член е тој, е основан поради експлоатацијата на околу 600.000 луѓе во руските затвори.

Тој додаде дека со задоволство би ги застапувал и интересите на чуварите, доколку тие тоа го сакаат.

„Во суштина, ако животот ми даде лимон во форма на затворска казна, тогаш морам да го претворам во лимонада на барем некоја активност корисна за општеството“, рече Навални.

Според него, затворениците се загрижени поради создавањето на синдикатот, бидејќи се плашат од затворските чувари.

„Секогаш кога зборувам за тоа, моите колеги убијци со тага велат: „Алексеј, престани, те молам, поради тебе никогаш нема да нè пуштат да излеземе и сето ова лошо ќе заврши“, рече Навални и објасни дека затоа неговиот синдикат има еден член.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе