Навални е во голема опасност, да се дозволи да биде евакуиран во странство, побараа експерти од ООН

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој веќе три недели штрајкува со глад во руски затвор, е „во голема опасност“ и треба да биде дозволено да се евакуира во странство, изјавија четворица експерти за човекови права на ООН.

Фото: ЕПА

„Бараме од руските власти веднаш да обезбедат Навални да има пристап до сопствените лекари и да му дозволат да биде евакуиран во странство за итно лекување, како што тоа го сторија во август 2020 година“, велат четворица независни експерти назначени од Советот на ООН за човекови права, но кои не зборуваат од негово име.

Тие рекоа дека повторуваат дека руската влада е одговорна за животот и здравјето на Навални за време на притворот.

„Сметаме дека животот на Навални е во голема опасност“, наведоа експертите.

Навални почна штрајк со глад на 31 март во знак на протест поради условите во затворот, обвинувајќи ја затворската управа дека не му дозволува да посетува лекар. Според неговите блиски, тој умира.

„Длабоко сме загрижени од фактот дека Навални се држи во услови што може да се изедначат со тортура или суров, нехуман или понижувачки третман“, велат овие експерти, кои се специјални известувачи за слобода на мислењето и изразувањето, тортура, арбитрарни егзекуции и за правото на физичко и ментално здравје.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе