Можните регрути се обидуваат да избегаат

Навалици на руските гранични премини: „Ако билетот сте го купиле денес, ќе имаме проблем“ (ФОТО+ВИДЕО)

На 21-22 септември, руските социјални мрежи беа преполни со видеа на кои се гледа густ сообраќај на граничните премини на земјата. Повеќето снимки прикажуваа луѓе на границите со Грузија, Казахстан, Монголија и Финска. Медиумите и каналите на Телеграм ги поврзуваа долгите редови со најавата на Владимир Путин од 21 септември дека Русија ќе почне да регрутира војници да се борат во војната во Украина, вели независниот руски сајт Медуза.

Фото: ЕПА

Грузија

Од пладневните часови на 22 септември, преминувањето од Русија во Грузија на контролниот пункт Верниј Ларс во Северна Осетија траеше приближно 10 часа, додека чекањето претходната ноќ беше околу 3 часа, според грузискиот блогер Николај Левшиц.

Локалното Министерство за вонредни ситуации во четвртокот наутро извести дека сообраќајот е нормализиран, но независните руски медиуми и денеска објавуваа снимки со долги колони.

И сателитските снимки на Максар покажуваат долга низа камиони и автомобили што чекаат да ја преминат границата од Русија во Грузија на контролниот пункт Ларс.

Казахстан

Судејќи според фотографиите, вели Медуза, редиците на контролниот пункт Маштаково на границата меѓу Русија и Казахстан на 22 септември се протегаа со километри. Многу луѓе се возеле до границата со такси, па преминале пеш. Еден жител на градот Толјати за локален медиум рече дека одлучил да ја напушти Русија „штом беше објавена мобилизација“.

Монголија

На 21 септември, исто така, се создадоа долги редови на контролниот пункт Кјахта на руската граница со Монголија, но се вратија во нормала до следното утро, вели Медуза.

Сепак, сателитските снимки и вчера покажуваа долги колони на границата меѓу Русија и Монголија.

Финска

Редиците на контролните пунктови на финската граница во рускиот Ленинградски регион почнаа да се формираат вечерта на 21 септември; до ноќта, преминувањето на границата, наводно, траело меѓу три и пет часа. 4.824 автомобили официјално ја преминале границата со Финска во средата, додека просекот во претходните недели бил околу 3.000 автомобили дневно.

„Ако сте купиле билет пред 21 септември, нема проблем“

При заминувањето од Русија, некои мажи наводно биле запирани на испрашување во врска со нивната воена служба, вели Медуза. Според Телеграм-каналите посветени на преминувањето на границата, како и руската редакција на Би-би-си, властите ги прашувале патниците за целта на нивното патување, дали служеле во армијата, дали имаат воено образование, каде служеле (или зошто не служеле), дали имаат воени легитимации и дали имаат билети за враќање во Русија.

Еден 33-годишник што дипломирал на воениот оддел на неговиот универзитет изјавил за Медуза дека службеник на московскиот аеродром Шереметјево му го зел пасошот и го снемало околу 10 минути. „Потоа почна да ме прашува за информации. Тој праша кога сум го купил билетот. Реков: ‘Зошто?’ И тој вели: ‘Па, ако е пред 21 септември, тогаш немаше да има проблем, но ако е потоа, можеби ќе имаме проблем’“, раскажал човекот. На крај му било дозволено да ја премине границата.

Прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков ги нарече информациите за сообраќајот на границата и вртоглавото зголемување на цените на авиокомпаниите „многу претерани“ и „лажни информации“.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе