Научникот кој го создал „новичок“: Ова не е „руско дело“

Рускиот научник Леонид Ринк објави дека учествувал во создавањето на нервниот агенс новичок и додаде дека труењето на шпионот не личи на „московско дело“.

Имено, поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои се отруени во Салсбери во Велика Британија, како вели Ринк веднаш не умреле, ако умреле веднаш тоа би била „руска операција“.

Ринк изјави дека Британците би можеле да стојат зад нападот врз Скрипал, пренесе Ројтерс. „Тешко е да се поверува дека Русите биле инволвирани со оглед на тоа што сите погодени од инцидентот се сѐ уште живи. Таквата невидена неспособност на наводните (руски) шпиони едноставно би била смешна и неприфатлива“, рече тој.

Ринк потврди дека за време на Советскиот Сојуз работел во воената установа каде што нервниот агенс новичок бил развиен. Запрашан дали тој е еден од креаторите на овој агенс, тој за новинската агенција РИА рече дека е. „Да, тоа беше основа за мојата докторска дисертација“, рече Ринк.

Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март се пронајдени во јужна Англија и сѐ уште се во критична состојба. Ринк рече дека би било апсурдно за руските шпиони да го користат новичок во обидот за убиство на Скрипал, со оглед на очигледното руско потекло и името на тој агенс. „Постојат многу посоодветни супстанции“, додаде тој.

Ринк, исто така, како крајна бесмислица, ги отфрли тврдењата на британските медиуми дека Јулија Скрипал без да знае можела да го пренесе новичок од Русија, велејќи дека тој нервен агенс не би можел да се одржи на толкав пат. Тој вели дека технологијата за производство на новичок, некогаш била тајна, но сега ѝ е позната на многу земји, вклучувајќи ја Велика Британија, САД и Кина.

Сепак, истакна тој, точната формула развиена во поранешниот Советски Сојуз е единствена и, врз основа на примероците од Салсбери, може да се утврди дека не е направен во Русија.

Ројтерс наведе дека рускиот научник Вил Мирзјанов, кој на Запад ја објави формулата за производство на новичок, и кој сега живее во САД, изјави дека само руската влада можела да изврши напад на Скрипал. Во оваа прилика, Ринк вели дека, покрај Мирзјанов, знае за уште „околу пет научници“ кои ја знаат оваа технологија и кои ја напуштиле Русија во деведесеттите години.

„Дозволата тие да ја напуштат земјата тогаш предизвика големо изненадување на нашиот институт“, рече Ринк. Тој, исто така, наведе дека Русија апсолутно нема мотив да го убие Скрипал.

„Тоа е очигледно. Прво, Скрипал бил „целосно обработен“ од двете страни, односно тој на Русија целосно и ги предал своите британски контакти, а на Британците се што знаел од СССР. Тој за Москва не бил интересен. Второ, за Русија ова е исто така апсолутно неповолен момент. Неколку дена пред претседателските избори и непосредно пред Светското првенство во фудбал“, рече Ринк.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе