Научникот кој ги поврза Астразенека и крвните згрутчувања добивал пари од Фајзер

Норвешкиот научник кој ја откри врската меѓу крвните згрутчувања и вакцината на Астразенека пет години примал пари од конкурентската компанија Фајзер, пишуваат норвешките медиуми.

EPA-EFE

Според пишувањето на норвешките медиуми Пал Андре Холме кој се „прослави“ со решителното инсистирање за тоа дека вакцината на Астразенека/Оксфорд предизвикува опасни крвни згрутчувања „заборавил“ во научното истражување кое го потпишува да пријави дека во последните пет години од компаниите Фајзер и Бајонтек примил повеќе од милион норвешки круни.

Во насловот на текстот „Норвешките истражувачи кои стојат за извештајот за Астразенека имале врски со конкуренцијата“, кој го објави норвешкиот портал Омни пред три дена, се наведува дека неколку истражувачи кои стојат зад норвешкиот извештај за несаканите ефекти на вакцината на Астразенека против ковид-19 имаат финансиски врски со конкурентски фармацевтски компании.

Групата ја предводел Пал Андре Холме, професор на Универзитетската болница во Осло, кој во изминатите пет години примил над милион круни од Фајзер и Бајонтек, компаниите кои исто така имаат вакцина против ковид-19. Уште три истражувачи имале слични врски.

Сепак, тие негираат дека тоа има каква било врска со извештајот за згрутчување на крвта претставен во Њу Ингланд џурнал од медисин, но истовремено признаваат дека требало да бидат потранспарентни во врска со приходите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе