Научниците загрижени поради руската вакцина: „Спроведуваат експеримент на поширока популација“

Руското соопштение за одобрување вакцина против коронавирусот по помалку од два месеци клинички испитувања на луѓе предизвика тревога кај западните експерти за јавно здравје, кои велат дека е тешко да се верува во вакцина за која не се објавени сите податоци од испитувањата.

EPA-EFE

Решена да биде прва во светската трка за развој на вакцина против пандемската болест ковид-19, Русија допрва треба да спроведе клиничко испитување од големи размери, што ќе резултира со податоци за тоа дали делува - што, според имунолозите и експертите за заразни болести, е „невнимателен“ потег.

„Русија всушност спроведува експеримент на ниво на голема популација“, вели Ајфер Али, специјалистка за тестирање на лекови во бизнис-школата Ворвик во Британија.

Таа вели дека таквото брзо одобрување може да значи дека некои можни негативни несакани ефекти на вакцината нема да бидат откриени. А тие, иако веројатно ретки, би можеле да бидат тешки, предупредува таа.

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека вакцината развиена од московскиот институт Гамалеја е безбедна и дека ѝ е дадена на една од неговите ќерки.

Франсоа Балу, експерт во генетскиот институтот при Универзитетскиот колеџ во Лондон, вели дека станува збор за „непромислена и глупава одлука“.

„Масовната вакцинација со несоодветно тестирана вакцина е неетичка“, вели тој. „Секој проблем со руската програма за вакцинирање ќе биде катастрофален и ќе има негативни ефекти врз здравјето, а и поради тоа што ќе го одложи прифаќањето на вакцината кај населението“.

Неговите зборови ги потврдува и Дени Алтман, професор по имунологија на Империал колеџ во Лондон, кој вели дека колатералната штета при користењето на вакцината за која не се знае дека е безбедна и ефикасна, би претставувало „непремостливо зголемување на нашите сегашни проблеми“.

Во моментов, десетина производители на лекови ширум светот, кои развиваат вакцина, спроведуваат испитувања за можна вакцина на голем примерок од населението, а во секое испитување се вклучени десетици илјади волонтери.

Неколку од вакцините кои се понапред како Модерна, Фајзер и Астра Зенека се надеваат дека до крајот на годината ќе знаат дали нивните вакцини се безбедни.

Сите ќе објават резултати од испитувањето и податоци за безбедноста на вакцините и ќе ги достават до надлежните органи во САД, Европа и на други места за проверка.

Руското Министерство за здравство издаде такво одобрение пред ваквите испитувања, кои обично одбележуваат трета фаза од испитувањата и вклучуваат илјадници испитаници. Ваквите тестови се сметаат за неопходен предуслов за добивање овластување за ставање во промет на вакцина.

Питер Кремснер, експерт во германската универзитетска болница во Тибинген, кој работи на клинички испитувања на вакцината Кјурвак, вели дека рускиот потег е невнимателен.

„Нормално треба да се тестираат многу луѓе пред да се одобри вакцина“, вели тој. „Мислам дека е невнимателно да се стори тоа ако не се тестирани многу луѓе“.

Експертите посочуваат дека недостигот од објавени податоци за руската вакцина, вклучително и како е направена и детали за безбедноста, имунолошкиот одговор и дали може да спречи инфекција со ковид-19, ги остава научниците, здравствените власти и јавноста во темница.

„Невозможно е да се знае дали руската вакцина е ефикасна без да се достават научни податоци за анализа“, вели Кит Нил, експерт за епидемиологија на заразни болести на британскиот универзитет во Нотингем.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе