Научниците во Африка бараат решение за наездата на скакулци, проценките на штетата се огромни

Научници во Најроби бараат нови начини да се ослободат од скакулците, додека вториот бран на наездата им се заканува на посевите во Источна Африка, а опциите се да се јадат, трујат или да се користи мирис кој би ги натерал на канибализам.

EPA-EFE

Роевите скакулци се најлоши во последните три генерации, а им одговара неочекувано влажното време и ги расфрла рекордниот број циклони.

Наездата на скакулци би можела да ги чини Источна Африка и Јемен 8,5 милијарди долари оваа година, соопшти Светската банка.

Одбраната од скакулците обично вклучува користење пестициди додека сѐ уште не можат да летаат, но хемикалиите можат да им наштетат на другите бубачки и на животната средина.

Соочени со тој проблем, научниците на Меѓународниот центар за физиологија на бубачките и екологија (ИЦИПЕ) експериментираат со биопестициди и употреба на скакулците како човечка и животинска храна додека бараат еколошки начини за нивно истребување.

Научниците на ИЦИПЕ беа дел од групата која откри дека печурките изолат (Metarhizium acridum) можат да ги убијат скакулците без да им наштетат на другите организми. Печурките сега се користат низ цела Источна Африка.

Сега научниците проучуваат 500 други видови печурки и микроби во својата биобанка во надеж дека ќе најдат нов отров за скакулците.

Истражувањето на научникот на ИЦИПЕ Болдвин Торто главно е насочено кон мирисите и феромоните на скакулците.

Пред скакулците да можат да летаат, тие имаат единствен мирис кој им овозможува да останат во групата, вели тој. Тој мирис се менува при созревањето на скакулците.

Ширењето на мирисот на возрасните меѓу младите би можело да помогне во уништувањето на скакулците.

„Тие стануваат дезориентирани, групата се раздвојува, се напаѓаат и јадат едни со други и стануваат уште почувствителни на биопестицидите“, вели Торто.

Постои уште еден начин за борба против скакулците, кој е исто така еколошки – да се користат за храна. ИЦИПЕ развива мрежи и вшмукувачи за да се фатат голем број скакулци, а потоа тие бубачки богати со протеин можат да се готват како храна за луѓето и животните.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе