Научниците предупредуваат: Чувајте го биодиверзитетот или подгответе се за нови пандемии

Светот е во „ера на пандемии“ и доколку не се запре уништувањето на природниот свет тие почесто ќе се појавуваат, побрзо ќе се шират, ќе одземаат повеќе животи и ќе влијаат на глобалната економија со поразително влијание од кога било досега, според денес објавената студија од водечки светски научници, пишува Гардијан.

Појавата на болести како што се ковид-19, птичјиот грип и ХИВ од животните е целосно предизвикано од срамнувањето на шумите за земјоделство и трговијата со диви животни, што ги доведе луѓето во контакт со опасните микроби, велат експертите.

„Ризикот од пандемии рапидно се зголемува, со повеќе од пет нови болести кои се појавуваат кај луѓето секоја година, од кои било која има потенцијал да стане пандемија“, се вели во извештајот.

Наодите од студијата покажуваат дека подобра заштита на тропските шуми и другите богати екосистеми помагаат во забавување на климатските промени и спасување на животинските и растителни видови, што само по себе го спречува создавањето на идни пандемии.

„Излезе дека кога дејствуваме против пандемиите, правиме нешто и за климатските промени и за биодиверзитетот, и тоа е добра работа“, рече Питер Дазак, зоолог и водач на истражувањето, на кој работеле 22 меѓународни експерти.

Тие заклучија дека околу половина од проценетите 1,7 милиони неоткриени вируси во природата можат да заразат луѓе.

Активностите како што се нелегална трговија со диви животни, ловокрадство или уништувањето на шумите за одгледување монокултури ги ставаат луѓето во поголема опасност на нив да поминат патогени од природата. Научниците веруваат дека ковид-19 најверојатно поминал од лилјак на човек на пазар во Кина.

Превенцијата на вакви настани е сто пати поевтина од пандемиите, но владите продолжуваат да се потпираат на борбата против последиците наместо на причините, велат експертите, повикувајќи на поголема меѓународна соработка во таа област.

Се проценува дека пандемијата ковид-19 до јули чинела помеѓу 8 и 16 трилиони долари.

Студијата е спроведена од меѓувладината платформа ИПБЕС, во која учествуваат повеќе од 130 земји-членки.

„Не се залажувајте, кризата ковид-19... загубата на биолошката разновидност и климатските промени се една голема криза - најголемата со која луѓето некогаш се соочиле. Но, оваа студија е документ на надеж, а не на очај... прашањето е дали ќе [дејствуваме], а не дали можеме?“, напиша Дазак на Твитер.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе