Научниците открија каде е најчистиот воздух на Земјата, луѓето не го загадиле

Научниците веруваат дека откриле каде е најчистиот воздух на светот, незагаден од човековите активности.

EPA-EFE/FEDERICO ANFITTI

Се наоѓа на Јужниот океан што го опкружува Антарктикот.

Ова е прва ваква студија која го испитувала составот на биоаеросолите во Јужниот океан, спроведена од научници од Универзитетот во Колорадо. Така тие успеале да идентификуваат атмосферски регион кој е недопрен од човековото влијание.

Времето и климата се тесно поврзани и поврзуваат региони ширум светот. Бидејќи доаѓа до забрзување на климатските промени поради човековите активности, научниците решиле да се обидат да го пронајдат аголот на земјата што е најмалку погоден од човековото влијание.

Професорката Зоња Крајденвеис и нејзиниот тим се сомневале дека воздухот над Јужниот океан е најмалку погоден од човечката активност и прашината од континентите.

Откриле дека граничниот слој на воздухот, кој ги храни најниските облаци, во таа област е без никакви аеросоли со честички произведени од луѓето. Немало честички од фосилно гориво, житни култури, пестициди или отпадни води.

Загадувањето на воздухот обично се јавува кога аеросолите, кои се течни и цврсти честички и гасови што завршуваат во воздухот.

Истражувањето заклучува дека Антарктикот се чини дека е изолиран од ширењето на микроорганизмите од јужните земји.

„Јужниот океан се чини дека е едно од ретките места на Земјата најмалку погодено од човечките активности“, рече Томас Хил, научник и коавтор на студијата, јави Си-ен-ен.

Научниците земале примероци од воздухот од делот на атмосферата што е во директен контакт со океанот и тоа додека од Австралија патувале низ оваа област. Тие го испитале составот на микробите во воздухот и заклучиле дека микробите во тој примерок потекнуваат од океанот.

Потоа заклучиле, според бактерискиот состав на микробите, дека аеросолите од далечните земји и од човековата активност, како и од загадувањето, не допатувале до југ.

Во студијата објавена вчера се вели дека воздухот во таа област е навистина прастар, пренесува Си-ен-ен.

Загадувањето на воздухот е голема глобална криза што убива седум милиони луѓе годишно, според податоците на СЗО.

Студиите покажаа дека загадувањето на воздухот го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и рак на белите дробови.

Повеќе од 80 проценти од луѓето од градските области, како и од земјите со среден приход страдаат од проблеми предизвикани од слаб квалитет на воздухот.

Сепак, студиите покажуваат дека загадувањето на воздухот може да ги премине географските граници и да влијае на луѓе оддалечени стотици километри.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/FEDERICO ANFITTI

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе