Стотици научници бараат СЗО да ги промени препораките: Короната се пренесува и преку воздух

Стотици научници тврдат дека постојат докази дека коронавирусот може да биде заразен преку воздух и го повикаа СЗО да ги промени своите препораки, објави Њујорк тајмс.

EPA-EFE/FABRICE COFFRINI

СЗО наведува дека коронавирусот се шири од личност на личност преку поголеми респираторни капки при кашлање и кивање на заразено лице, но кои брзо паѓаат од воздухот заради нивната големина.

Во отвореното писмо до СЗО, чии потписниците планираат да го објават во научно списание следната недела, 239 научници од 32 земји наведоа докази кои покажуваат дека дури и помали честички можат да бидат заразни, пишува Њујорк тајмс.

Научниците велат дека коронавирусот се пренесува преку воздух, што значи дека честичките од вирусот можат да лебдат во воздухот во затворени простории и да ги заразат луѓето кога ќе ги вдишат честичките.

Ако вирусот се пренесува преку воздух, пишува Тајмс, „последиците по рестриктивните мерки ќе бидат значајни“. Новите превентивни мерки би вклучувале носење маски во затворено, „дури и во места на социјална оддалеченост“ и задолжителни Н95 маски за здравствените работници „да ги филтрираат дури и најмалите респираторни капки додека се грижат за пациенти со коронавирус“.

Покрај тоа, вентилациските системи треба да бидат преправени за да се „минимизира воздухот кој циркулира“.

Њујорк Тајмс објави дека неодамнешниот пораст на новозаразените по повторното отворање на компаниите и канцелариите „се повеќе“ го потврдува „она што многу научници го велат со месеци: Вирусот останува во воздухот во затворено и ги заразува оние што се во близина“.

Сепак, СЗО наведува дека доказите за пренесување преку воздух не се убедливи.

„Особено во последниве месеци, неколкупати истакнавме дека веруваме дека е можна трансмисија преку воздух, но за тоа не постојат цврсти, па дури и јасни докази“, рече Бенедет Алегранци, директорка на програмата на СЗО за превенција и контрола на инфекции.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/FABRICE COFFRINI

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе