Научниците од Оксфорд развија петминутен тест на антитела за ковид-19

Научниците од британскиот универзитет Оксфорд развија брз тест за ковид-19 кој може да го идентификува коронавирусот за само пет минути, соопштија експертите во петокот, додавајќи дека тој може да се користи за масовно тестирање на аеродромите и во компаниите.

Универзитетот се надева дека ќе започне со тестирање на уредот за тестирање на почетокот на 2021 година, и ќе има на располагање одобрен уред шест месеци подоцна.

Со тестот може да се открие коронавирусот и да се разликува од другите вируси со значителна сигурност, велат експертите.

„Нашата метода брзо открива недопрени делови од вирусот“, рече професорот Ахилефс Капанидис од Одделот за физика.

Тој додаде дека тестот ќе биде „едноставен, исклучително брз и достапен“.

Брзите тестови на антитела се клучни за масовно тестирање и повторно отворање на економијата во време кога вирусот сè уште циркулира слободно. Оние што веќе се користат се побрзи и поевтини, но помалку сигурни од постоечките молекуларни ПЦР тестови.

Сименс Хелтиниерс во средата објави дека започнува со нов тест на антитела во Европа, но предупреди дека производителите тешко можат да ја задоволат понудата.

Иако тој на Оксфорд ќе биде достапен дури следната година, би можел на време, пред следната зима да помогне во сузбивањето на епидемијата. Здравствените власти предупредија дека луѓето ќе мора да живеат со коронавирусот дури и кога ќе се пронајде вакцината.

„Претстојните зимски месеци ќе бидат предизвик затоа што не знаеме какви се ефектите на САРС-КоВ-2 во комбинација со други сезонски респираторни заболувања“, рече докторката Никол Роб од Медицинскиот факултет Ворвик.

„Покажавме дека нашиот тест може со сигурност да разликува различни вируси во клиничките примероци, што е клучна работа во следната фаза на пандемијата“, додаде таа.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе