Научници од Единбург тврдат дека развиле брз и прецизен серолошки тест

Британската компанија Квоциент известува дека нивните научници од Единбург развиле „брзи и прецизни" серолошки тестови на антитела што се развиваат по преболување на ковид-19 и дека дневно можат да извршат 36.000 тестирања.

Секое тестирање е готово за 35 минути со 99,8 проценти точност, објави компанијата со седиште во Швајцарија, пренесува Индепендент.

Целта на серолошките тестирања е да се утврди лицето кое се заразило и закрепнало од коронавирус, односно дали има развиено антитела.

Компанијата објави дека моментално поседува 12 дијагностички машини, и се надева дека до крајот на годинава ќе има уште 20 и веќе е во преговори со заинтересирани страни во Европа.

Франц Волт, извршен директор на Квоциент кој во 2003 година ја водеше лабораторијата каде беше развиен првиот тест за САРС, вели дека се многу горди што развиле таков брз и прецизен тест.

„Сега би сакале на владата да ѝ го понудиме нашиот ‘МосаиКју’ како би придонесле во напорите во борбата против коронавирусот“, рече тој.

Британската влада е разочарана од претходните тестови на антитела бидејќи не ги откриле кај лица кои преболеле полесен облик на болеста.

Иако експертите и политичарите ја доведуваат во прашање точноста на тестовите за антитела, компаниите и владите ширум светот инвестираат во производство и брзо одобрување на вакви тестови.

Сè уште не е познато колку трае отпорноста на ковид-19.

Иако се чини дека антитела се развиваат кај повеќето заразени лица, експертите не се сигурни колку долго остануваат во организмот и дали се доволно отпорни да го заштитат поединецот од потенцијална инфекција.

Тие се надеваат дека антителата на ковид-19 ќе се однесуваат како оние на САРС, вирус со многу сличен генетски материјал.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе