СОСЕМА НЕЗАБЕЛЕЖАНО

Натрапник влегол кај Белата куќа, го уапсиле дури пред вратата на Трамп (ВИДЕО)

Човек што носел ранец на грбот бил уапсен синоќа откако успеал да ги избегне обезбедувачите и да стигне речиси до самиот влез во Белата куќа.

Како што пренесува Си-ен-ен, инцидентот се случил неколку минути пред полноќ - додека Доналд Трамп бил во Белата куќа.

Мажот бил откриен од агент на Тајната служба кај јужниот влез, односно во резиденцијалниот дел на Трамп. Извор од Тајната служба рекол дека човекот веројатно на имотот дошол од источната страна. Не е познато како успеал да стигне до влезот на Куќата и успеал да ги избегне многуте обезбедувачи.

Белата куќа е ставена на „портокалово“ ниво на безбедност, едно од највисоките на Тајната служба, која го уапсила натрапникот и го однела во притвор.

Претседателот викендов бил во Вашингтон и бил известен за индицентот во петокот вечерта.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе