НАТО за првпат во историјата ќе се сретне виртуелно (ВИДЕО)

Министрите за надворешни работи на 30-те земји членки на НАТО утре на својата прва видеоконференција во историјата ќе разговараат за одговорот на Алијансата на пандемијата на коронавирусот и за други клучни прашања, најави денес генералниот секретар на воениот пакт Јенс Столтенберг.

„Треба да обезбедиме здравствената криза да не предизвика безбедносна криза“, изјави Столтенберг на видеоконференцијата за новинари.

Ова ќе биде прв видеосостанок во 70-годишната историја во воениот пакт.

Во седиштето на НАТО во Брисел е ограничен пристапот за сите посетители, вклучувајќи ги и новинарите, за да се минимализира можноста од ширење на заразата.

„Се обидуваме да преземеме мерки за превенција на ковид-19, но НАТО продолжува да функционира бидејќи заканите нема да исчезнат“, кажа Столтенберг.

„НАТО го извршува својот дел за да помогне во заедничката борба против невидливиот непријател“, кажа Столтенберг, наведувајќи дека се вршат воздухопловни транспорти на медицинска опрема, како и прифаќање на пациенти заболени од вирусот.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе